„Kупи куќа, купи стан“ и за тие со покрив над глава

Bez autora
Feb 13 2014

И граѓаните што веќе имаат свој стан или куќа ќе може да се пријават за субвенциониран станбен кредит од државата. Владата ги менува условите за проектот „Kупи куќа, купи стан“, при што, меѓу другото, го зголемува и највисокиот лимит на месечни примања на граѓаните шро сакаат да аплицираат за овој кредит. Измените во Законот за субвенционирање станбен кредит веќе се во собраниска процедура. Според нив, за „Kупи куќа, купи стан“ може да аплицираат и лица што самите или заедно со брачниот другар поседуваат стан или куќа што ги добиле во наследство, но само ако делот на заедничката сопственост не е поголем од половина од тој имот. Kредит сега ќе може да добијат и тие што поседуваат само една куќа, која ја продаваат, за да купат нов поголем стан или куќа или планираат да ја урнат постојната куќа и на нејзино место да изградат поголема наменета за сопствено домување.

„Kупи куќа, купи стан“ и за тие со покрив над главаИ граѓаните што веќе имаат свој стан или куќа ќе може да се пријават за субвенциониран станбен кредит од државата. Владата ги менува условите за проектот „Kупи куќа, купи стан“, при што, меѓу другото, го зголемува и највисокиот лимит на месечни примања на граѓаните шро сакаат да аплицираат за овој кредит.

Измените во Законот за субвенционирање станбен кредит веќе се во собраниска процедура. Според нив, за „Kупи куќа, купи стан“ може да аплицираат и лица што самите или заедно со брачниот другар поседуваат стан или куќа што ги добиле во наследство, но само ако делот на заедничката сопственост не е поголем од половина од тој имот. Kредит сега ќе може да добијат и тие што поседуваат само една куќа, која ја продаваат, за да купат нов поголем стан или куќа или планираат да ја урнат постојната куќа и на нејзино место да изградат поголема наменета за сопствено домување. Досега, лицата што поседуваа каков било недвижен имот наменет за домување немаа право да аплицираат за субвенционираниот кредит.

Промени има и во поглед на лимитот за месечни примања на апликантите за кредитот. Имено, досега за „Kупи куќа, купи стан“ можеше да се пријави само лице што со брачниот партнер има месечни приходи од плата што не надминуваат 900 евра. Сега оваа сума се зголемува на 1.300 евра. За тие што не се во брак, останува горната граница од месечни примања од 900 евра.

Министерството за финансии во предлог-текстот образложува дека измените во регулативата се носат за да се допрецизираат критериумите за добивање на овој тип кредит.

- Сето тоа е со цел зголемување на опфатот на граѓани што ги исполнуваат условите за добивање на субвенционираниот станбен кредит и решавање на станбеното прашање на поголем број граѓани - пишува во образложението.

Владата неколкупати досега ги менува условите во проектот „Kупи куќа, купи стан“. Последните измени беа пред Нова година, кога објави дека можноста за аплицирање се продолжува и во 2014, односно граѓаните може да се пријавуваат за субвенциониран станбен кредит до крајот на годинава. Тие што планираат да се пријават имаат две варијанти, „Половина рата“ или „Половина учество“.

Во случај на купување стан, државата дава 50 отсто од учеството или 9.200 евра за кредит од 50.000 евра. За купувањето или изградбата на куќа, каде што државата покрива 75 отсто од учеството, корисникот добива 15.000 евра за кредит од 50.000 евра. Притоа бенефицијата важи само ако корисниците го исплаќаат кредитот на рати подолго од 10 години.

Во образложението, Министерството за финансии наведува дека овој закон ќе се одрази врз буџетот и дека во државната каса за 2014 година се предвидени повеќе пари за овој проект.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik